(Видео) Снег падна во Саудиска Арабија првпат по 50 години

Климатските промени ж придонесоа за промена на климата во целиот свет. Од вечно лето во вечна зима, а што лќе ни донесе иднината, допрва ќе видиме.

Во Саудиска Арабија зимава имаше необични временски услови, температурите се спуштија под нулата, а обилни врнежи од снег беа забележани во пустината за првпат по 50 години.

Во текот на последната недела снежна бура погоди делови од оваа пустинска земја, каде што владееше лето, а повеќе снег наврна во регионот Асир.

 

Изненадените Саудијци ги преплавија социјалните мрежи со фотографии и видеа од необичната глетка и вистинското снежно изненадување.

Едно од најпопуларните видеа ги прикажува камили кои за првпат во својот живот гледаат снег и доживуваат толку ниски температури.

 

Scroll to Top