(Видео) Снимена кавгата на наставничката на оставените ученици ѝ возачот

Расправијата меѓу возачот на автобусот со наставничката која ги оставила двајца од своите средношколци од Неготино, се појави во јавноста.

Засега не е познато кој ќе ја сноси одговорноста за наводниот скандал кој се случил во Италија, откако двајцата ученици не заминале за Франција поради доцнењето. Повеќе за тоа можете да прочиате на следниот линк:

„Прв пат по четири дена ти се обраќам. Четири дена ви се обраќам, никој не станавте да ги смирите вашите деца. Нека ти служи за чест. Не дојдоа две деца, кој е одговорен сега. Кој одговорен? Мене не тишина, не сум ти ученик. Две од твоите деца сабајле каснеа и не дојдоа, нема што да чекам. Тони вчера пола саат. Ете твоите не дојдоа, е добро е те не ете ти. Се бунев ли, ете ги оставувме и готово. Не ме задевај ме прекипе веќе. И таму немапе и така место за тие деца, требаше да останат и сега што е проблемот. Реагирав дека во другите автобуси има место, не сме овци овде“.

Тројца инспектори од просветниот инспекторат во неготинската гимназија го испитувале случајот. Министерството за образование излезе со став дека во ниту еден случај директорот на училиштето и професорите не смееле да ги остават учениците и да заминат сами без нив.

 Од Стопанската комора објаснуваат дека мора да се воведе ред со агенциите за да има поголема одговорност. Не дозволиво е за она што е платено да не се изврши услуга.

Учениците во Италија чекале 15 часа да се вратат другарите и професорите каде што целото училиште преноќиле во истиот хотел и наредниот ден се вратиле за Македонија. Од агенцијата објавија фотографии дека учениците наводно извршиле голема нужда во апарманот, додека нивните родители велад дека тоа е лага.

 

(Видео/Канал5)

Scroll to Top