(Видео) Снимки од врисоци и страшни моменти по кои настапила смртта

Станува збор за снимки кои се подредени според својата историска важност, затоа што доаѓаат од различни категории, а некои од нив тука се наоѓаат само поради својата бизарност, но и застрашувачка околност.

Методите на мачење на Дејвид Паркер Реј биле исклучително брутални. Тој својата камп-приколка ја претворил во звучно изолирана комора, во која физички, психички и сексуално ги мачел луѓето, а на крајот завршувале со страшна смрт. Притоа тој користел различни алатки кои самиот ги изработувал. Полицијата се сомнева дека убил меѓу 14 и 60 луѓе, а ниту едно тело досега не е пронајдено. Секој пат кога некоја од неговите жртви, ќе дојдела при свест, тој ќе и пуштел вознемирувачки снимки од својот глас, на кои им објаснувал какви маки треба  да очекуваат.

Кевин Мајкл Кавсгреј бил познат бизнисмен кој работел во индустријата со осигурувања. Откако неколку катови над неговата канцеларија се срушил авион, Кевин повикал полиција. Снимката од неговиот повик и врисок на крајот ги обиколи сите светски медиуми и е користена како доказ на судењето на терористите.

Во периодот меѓу 1979 година и 1986 година, серискиот убиец во Калифорнија убил десетина жени, а уште педесетина сексуално ги нападнал. Полицијата никогаш не успеала да го идентификува и фати, а бројните полициски инспектори, неговиот случај до ден денес ги збунува, иако имаат негова ДНК. Јавноста и медиумите со време го нарекле „Оригиналел ноќен манијак“, а една од неговите жртви успеала да го сними неговиот страшен глас кога ја повикал.

Џим Џонс бил водач на секта наречена „Храм на народите“, а како самопочитуван проповедник е познат по тоа што ги повел 909 луѓе во сигурна смрт на 18 ноември 1978 година. Меѓу мртвите имало повеќе од 200 деца. Џонс наводно се залагал за социјално еванѓелие. Својата заедница ја засновал во Гајан во самата џунгла, каде живееле од земјоделие, а тој предупредувал на скорешно доаѓање на фашизмот, меѓурасните војни и холокаустот.

Им наредил на своите следбеници да го убијат конгресменот Ли Рајан и членовите на неговата парија. Иако неговата замисла е реализирана, некои луѓе сепак успеале да побегнат од заедницата.

Ужаснат од нивното предавство, Џонс прогласил крај на нивните верувања и ги навел 900 луѓе да испијат цијанид. Џонс е пронајден мртов, откако се застрелал во глава. На застрашувачката снимка се слуша женски глас кој говори: „Се е во ред, не плачи поради болката, туку само поради горчливиот вкус“.

Владимир Комаров бил еден од првите советски космонаути. Бил првиот советски пилот кој во вселената летал повеќе од еднаш, но и првиот човек кој умрел за време на вселенската мисија. Тој во „Сојуз 1“, со полна брзина, се удрил во земја и загинал во 1967 година.

 

Последните неколку секунди од својот живот ги минал во бесно пцуење на советските службеници, кои го натерале да го изведе тестирањето на леталото, за кое знаеле дека не е подготвено за лансирање.

Scroll to Top