По девет месеци интензивно лекување и третман со хемотерапија, малиот Сухејб вчера ја напушти Клиниката за детски болести и си замина дома.
Петгодишното момче ја доби битката со тешката болест, а на излегување беше поздравен со аплауз од целиот болнички персонал.
Министерот го објави видеото во кое малиот Сухејб го удри ѕвончето за радост, најавувајќи дека е целосно заздравено и дека може да си замине дома.
„Јас сум здрав и сакам дома“, викна Сухејб.