(Видео) Сплав во вид на виолина пловеше низ Венеција во чест на жртвите од Ковид-19

Сплавот наречен „Виолината на Ноа“ викендов пловеше низ Венеција во чест на жртвите од Ковид-19. На сплавот направен во форма на виолина, гудачки квартет свиреше дела од Вивалди Покрај него.пловеа и венециски гондоли со туристи, кои уживаа во необичната глетка, пренесува Си-ен-ен.

Сплавот долг 12 метри го дизајнираше венецискиот скулптор Ливуо де Марчи во чест на жртвите од Ковид-19. Направен е како реплика на вистинска виолина, од неколку типа дрво и има внатрешен мотор.

„Идејата се роди во времето на локдаунот, кога земјата беше во најголемата криза во последниве педесет години. Сакав овој сплав да ја пренесе идејата за надеж и спас, нешто слично како библиската Ноева арка“, вели Де Марчи.

Scroll to Top