Група српски навивачи со помош на нивни пријатели Грци и Италијанци упаднале на мечот меѓу репрезентациите на Косово и Мадагаскар и за кратко го прекинале мечот.
Српските навивачи се пробиле до трибините на кои рашириле транспарент со натпис. „УЕФА го поддржува тероризмот“, а потоа сакале да рашират и парола со пораката „Косово – нема предавање“, но француската полиција ги спречила.
Мечот бил прекинат кратко време, додека инцидентот целосно не се расчистил.