Музичарите од оркестарот „Киев-Класик“, кои останале во главниот град на Украина и по руската инвазија, се собраа во центарот на Киев и одржаа концерт. Ги предводеше диригентот Херман Макаренко.
Концертот го пренесуваа во живо на украинските ТВ-канали и ја носеше пораката „Слободно небо“. Ова е нивната поддршка на повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски до западните земји да го заштитат украинското небо од руска агресија.
Музичарите ја свиреа химната на Европа, „Ода на радоста“, украинската химна како и многу други дела.