НАСА благодарение на седумнаесетгодишниот Волф Кукиер открила планета која орбитира околу две Сонца. Кукиер бил на пракса и работел како стажист во вселенската американска агенција и во третиот ден на работа во НАСА успеал да дојде до големо откритие.
„Ги прегледав сите податоци за сето она што волонтерите го означија како помрачување на бинарниот систем, односно систем во кој две ѕвезди кружат една околу друга и од нашиот поглед ја помрачуваат секоја втора орбита“, објаснил 17-годишниот Волф.
Тој забележал сигнал од системот со име TOI 1338, но мислел дека се работи за помрачување. Тогаш сфатил дека времето е погрешно и дека всушност открил планета.
Новата планета го добила името TOI 1338 b, поради системот во кој се наоѓа. Таа е оддалечена 1300 светлосни години од Земјата. Планетата е 6,9 пати поголема од Земјата и се наоѓа некаде меѓу Непутин и Сатурн. Малку е веројатно дека на неа би можеле да бидат откриени какви било облици на живот.
Две ѕвезди кружат една околу друга 15 дена. Едната е околу 10% помасовна од нашето Сонце, додека другата е студена, затемнета и голема колку една третина од Сонцето.
Откако ја идентификувале TOI 1338 b по затемнувањето кое било предизвикано од нејзините матични ѕвезди, истражувачкиот тим во НАСА, вклучувајќи го и Волф, користеле софтверски пакет под името „Еленор“ наречен по Еленор Аровеј, главниот лик во романот на Карла Сагана, „Контакт“.
Тимот научници сакале да ги потврдат мерењата и да видал дали се исправни и дали резултатот не е погрешен поради некои инструменти.
„Низ сите мои слики TESS следи милиони ѕвезди“, изјавила коавторката на студијата, Адина Фајнстајн, студент по постдипломски студии на Универзитетот во Чикаго.
„Затоа нашиот тим го создаде ‘Еленор’. Тоа е достапен начин за преземање, анализа и визуелизација на податоците. Го конструиравме имајќи ги предвид планетите, но останатите членови на заедницата го користат за проучување на ѕвездите, астероидите, па дури и галаксиите“, изјавила Адина.