(Видео) Средношколци и граѓани им пееја под прозорите на децата кои се лекуваат на Онкологија: Секоја сабота ќе бидеме тука со песна

Средношколци, родители на деца што победиле канцер, но и други граѓани  кои едноставно сакаат да ги развеселат детски срца, во саботата им пееја на децата кои се лекуваат на Клиниката за онкологија.

Најубавата сабота, вечер на емоции и возбуда, во која за момент заборавија на болеста. Во  саботата вечерта се пееше за децата од хематологија и секоја следна сабота во 20 часот ќе има пеење. Бранка Костиќ-Марковиќ објави емотивно видео .

„Ти честитам Марија Тасев за иницијативата и честа вака граѓански да се вклучиме во една хумана мисија. Го снимив видеото единствено за да знаете дека и вие некоја сабота можете да им ја развеселите вечерта на овие деца кои цела година немаат излезено од клиниката. Вечерва имаше средношколци, родители на деца што победиле канцер, но и други граѓани како нас што едноставно сакаме да развеселуваме детски срца“, напиша на  Бранка Костиќ-Марковиќ.

Scroll to Top