Стогодишна баба од Индија, успеа да го победи опасниот вирус, Ковид 19. Таа ирекла дека се излечила благодарение на докторите кои секој ден се грижеле за неа.
Анадолија покрај редовните оброци добивала и по едно јаболко од докторите.
„Благодарение на тоа што ми даваа и инекции и лекови успеав да го победам Ковид 19. Додека го имав вирусот во мене, чувствував како да бев настината“, изјавила Анадолија.
Официјалните лица од Министерството за здравство во Индија, соопштиле дека синот на стогодишната пациентка, исто така бил позитивен на тестот, кој бил објавен на 3. јули. Кај бабата Ковид 19 бил дијагностициран на 16. јули.
Тестот кој повторно го направила Анадолија на 22. јули бил негативен. Синот, снаата и внукот на пациентката биле пуштени на домашно лекување.