(Видео) Стота изведба на „Вардарски пастуви“ во Театар „Комедија“

Претставата „Вардарски пастуви“ на 12 ноември ќе ја има својата стота изведба во Театар Комедија. Ова е втора претстава на театарот шрто има 100 изведби, по „Стјуардеси“.

„Првата наша успешна приказна е ‘Стјуардеси’, а сега ќе ја прославиме и стотата изведба на ‘Вардарски пастуви’, претстава чија премиера беше на 8 март 2016 година“, велат од театарот.

Режисер на двете претстави е Синиша Евтимов.

Од Театар Комедија најавија дека на 18 ноември премиерна изведба ќе има претставата ,,Анатомија на неверството” во режија на Александра Кардалевска.

Scroll to Top