(Видео) Студентка по глума од Македонија исчезна во Америка

Адеа Шабани, 25-годишна студентка по глума од Македонија е пријавена за исчезната во полициската станица во Лос Анџелес. Шабани исчезнала на 23 февруари и последен пат е видена во Холивуд. Таа живеела во Америка помалку од две години.

Нејзините блиски пријатели се загрижени дека е киднапирана или убиена. Тие ја опишале како комуникативна личност која не пропуштала часови по глума, а и редовно комуницирала со своето семејство во Македонија.

Полицијата го истражува случајот, но засега нема нови докази за нејзиното исчезнување.

Нејзината мајка веќе заминала во САД,  каде ангажирала приватен детектив и се надева дека наскоро ќе ја пронајде ќерката.

Scroll to Top