Парохијата Св. Леополд во Загреб воведе сензор за света вода за да нема никаков контакт помеѓу верниците.
Тие сега можат безбедно и без страв од инфекција да земат чиста света вода од сензорот и епидемиолошки безбедно да се прекрстат на влезот и излезот од црквата.
Пасторот Жеjко Ловриќ нагласува дека сензорот за света вода е одлично решение во време кога треба да обрнеме внимание на хигиената и со тоа нема никаков контакт помегу верниците.
Членка на парохијата, Мандиќ Кристина, која е и дел од тимот што го реализира ова решение, изјави дека „се среќни што успеале да направат производ за доброто на сите верници“.