(Видео) Таткото на Метју Пери глумел во „Пријатели“

Актерот Џон Бенет Пери, таткото на Метју Пери (Чендлер), глумел во една епизода од серијата „Пријатели“. Тој се појави во епизодата The One With Rachel’s New Dress, а го глуми таткото на Џошуа, кој ѝ е момче на Рејчел (Џенифер Анистон).

Во епизодата, Џошуа, мислејќи дека неговите родители се на пат, ја носи Рејчел во неговата куќа. Таа се соблекува во долна облека за да го заведе пред да ги сретне неговите збунети родители.

Популарната серија престана да се снима пред 16 години. Лани летото требаше да се сними уште една, специјална епизода од „Пријатели“, но поради короната нејзиното снимање се одложи за оваа пролет. Во епизодата ќе се појават сите шест главни ликови, а Лиза Кудроу (Фиби) откри дека таа веќе снимила неколку кратки сцени.

Scroll to Top