(Видео) Техника на вапсање јајца со салфетки

Се ближи Велигден, еден од најголемите и најубавите христијански празници. Оваа година можете да ја испробате техниката на вапсање јајца со помош на салфетки, со што ќе добиете мермерни шари. За таа цел, потребни ви се само неколку состојки, а процедурата трае околу половина час:

Потребни состојки:

  • јајца
  • салфетки
  • гел боја
  • оцет
  • масло

Подготовка:

Варете ги јајцата околу 6-7 минути во солена вода. Извадете ги и убаво избришете ги.

Потопете ја гел бојата во топла вода за да стане течна, а потоа со неа направете ја саканата шема на салфетката, а потоа завиткајте го јајцето во неа.

Салфетката посипете ја со оцет да се растопи убаво бојата и оставете ги јајцата во неа околу 20 минути. Извадете ја салфетката и ставете ги јајцата во сад. Премачкајте со масло.

Погледнете го видеото за да видите како изгледа целиот процес:

Scroll to Top