Група на британски туристи започнале тепачка на популарна туристичка плажа во Барселона. Додека капачите се одморале, неколку Британци почнале да се тепаат со локаллците, а медиумите пишуваат дека тепачката настанала поради тоа што еден од туристите бил ограбен.
„Вратите ми ги парите. Тоа е мое“, викал Британецот.
Еден покрупен маж почнал да удира и со шипка по другите, по што морала да интервенира полицијата. Групата насилници била одвоена на две групи.