(Видео) Торнадо направи пустош во турското туристичко место Чешме

Мало торнадо во текот на ноќта го погоди турскиот град Чешме на егејскиот брег, оставајќи зад себе пустош во кој беа повредени 16 лица, соопштија локалните власти.

Во Чешме, град кој се наоѓа на околу 90 километри западно од Измир, торнадото помина корнејќи дрвја, уништувајќи покриви на куќи, бројни автомобили и бродови.

Најпогодено е локалното градилиште, каде што паднал и кранот врз монтажна куќа на работниците. Тие се здобиле со повреди, а има и други кои завршиле со повреди во болница.
„Чешме, рајот на земјата, претрпе пеколна ноќ“, рече градоначалникот Екрем Оран.

 

Scroll to Top