Претседателот на Америка, Доналд Трамп, наскоро ќе се вози во нова блиндирана лимузина која чини 16 милиони долари.
Прототип на овој специјално направен „кадилак“ е забележан на патиштата во САД откако е пуштен на пробно возење. Колата е замотана и камуфлирана со црно-бел дезен.
„Ја исполнивме задачата, а сега може да го предадеме автомобилот на сопственикот. Јавноста ќе има прилика да го види ова лето“, рекол претседателот на компанијата што го произведе автомобилот.
Деталите засега се чуваат во тајност, но според некои извештаи лимузината повеќе наликува на оклопно возило отколку на автомобил. Возилото треба да е отпорно на напади со балистичко, експлозивно и хемиско оружје, ќе има најнапредната технологија за комуникација, медицински залихи и наводно залихи на крв од крвната група на Трамп.
„Кадилак“ ги изработува сите претседателски лимузини од 1993 година навака.