Претседателот на САД, Доналд Трамп ја одржа традиционалната годишна церемонија на која помилува неколку мисирки во Белата куќа во пресрет на американскиот празник Денот на благодарноста.
Трамп во шега ги предупреди мисирките, Грашка и Шаргареп, дека и покрај тоа што тој ги спасил да не завршат на празничната трпеза, можеби сепак ќе мораат да одговараат пред демократите.
Трамп во шега изјавил дека од јануари ќе имаат мнозинство во Претставничкиот дом во американскиот Конгрес, а веќе ветиле дека ќе ги истражат сите негови одлуки и работни ангажмани.
Белата куќа на интернет организирала натпреварување во кое навивачи ќе одлучуваат која од нив двете ќе биде помилувана. Трамп на почетокот изјави дека среќната мисирка ќе биде Грашка, но подоцна реши да ги ослободи двете.
Оваа традиција со помилувањето на мисирките прв ја воведе Џорџ Буш постариот, во 1989 година, кога го поштеди животот на една мисирка тешка околу 23 килограми.
Трамп Денот на благодарноста ќе го помине со семејството на неговиот имот на Флорида.