(ВИДЕО) Три милиони Сваровски кристали на ѕвездата на божикната елка во Њујорк

Три милиони Сваровски кристали ќе се најдат на ѕвезата која ќе биде поставена на врвот на божиќната елка во Рокфелер Центарот на Менхетн во Њујорк.
Ѕвездата која е креирана од дизајнерот Даниел Либескинд, тешка е околу 450 килограми, со пречник од 3 метри и има седумдесет крака. Секоја ивица е креирана со употреба на шестомилиметарско ЕСГ стакло, а ќе биде осветлена со лед сијалици од брендот Сваровски. На ѕвездата се работело дури две години. Божикната елка заедно со ѕвездата ќе бидат поставени на 28 ноември кога ќе бидат поставени во Рокфелер центарот во Њујорк.

Scroll to Top