Чешкиот мултимилионер Радим Пасер бил уапсен затоа што возел со повеќе од 400 километри на час на автопат во Германија. Тој се снимал додека кренал 417 километри на час на автопатот А2 од Берлин кон Хановер, а видеото го објавил на „Јутјуб“.
Сакајќи да се пофали со својот спортски автомобил „Бугати“, си направил проблем.
Германската полиција сега покренала истрага против него. Оттаму велат дека иако на германските автопатишта нема ограничување на брзината, забрането е претекнување и тркање. Од таму велат дека Радим бил неодговорен и опасен на патиштата.
„Возачот смее да е движи со онаа брзина со која е можно да е управува автомобилот“, е наведено во соопштението на полицијата.
Паер е познат по тоа што се збогатил на пазарот со недвижности и според чешкиот „Форбс“, тој тежи околу 305 милиони долари.