Шеесет и осум пингвини биле убиени за време на снимањето на документарец на „Нетфликс“, на плажа во Кејп Таун во Јужна Африка, пишува ИФЛ Наука. Пингвините биле искасани до смрт од рој пчели, кои исто така умираат по убодите. Жителите од градот ги пронашле на плажата.
Велат дека е иронично поради тоа што во документарецот се зборувало токму за нивното истребување. Бројот на пингвини од африканската колонија „Болдерси“ во последните децении е во драстичен пад. Според Црвената листа на IUCN, за африканскиот пингвин (Spheniscus demersus) нема доволно риба поради прекумерниот риболов и поради климатските промени.
Луѓето им ја ловат рибата, а страдаат и од жешкото време. Еден мртов пингвин бил пронајден на плажа во Фиш Хук, следниот град на помалку од 6 километри оддалеченост.
Телата беа однесени во Јужноафриканската фондација за заштита на крајбрежните птици (САНККОБ) каде што била направена обдукција и биле земени биолошки примероци за тестирање.
Постобдукцијата покажала дека пингвините имале повеќе убоди од пчели. Биолошки примероци биле испратени за тестирање болести и токсикологија за да се отфрлат сите други можности.
Африканските пингвини можат да се најдат во крајбрежните региони на Јужна Африка, Намибија, Ангола, Демократска Република Конго, Габон и Мозамбик.
Поради нивното крикање слично на магаре се нарекуваат и магарешки пингвини, а гласот знае да им биде сличен на човечкиот, пеат песни со слогови, а високи се само 60 сантиметри
Во 2020 година научниците ги проучуваа песните на африканските пингвини во заробеништво и открија дека тие комуницираат користејќи пократки звуци за звуците што најчесто ги користат и подолги вокализации, со повеќе слогови, за посложени пораки, слични на јазичните принципи пронајдени во човечкиот говор низ целиот свет.
Се смета дека африканските пингвини се особено ранливи на повеќекратни убоди од пчели од Кејптаун поради нивниот мал раст. Пингвините се високи само 60 сантиметри, а тежат од 2,2 до 3,5 килограми.