Умре коњот кој го држеше рекордот за највисок на светот. Големиот Џек, како што го викал газдата, угина на фарма во Винсконсин. Тој имаше дваесет години и беше висок 2,1 метар и тежок 1136 килограми. Од Гинис во 2010 година потврдија дека тој е највисокиот жив коњ во светот.
Неговиот сопственик Џер Џилберт, рече дека Џек бил супер ѕвезда и величествено животно. Џек се ождребил во Небраска. Тогаш имал 109 килограми, 45 повеќе од типично ждребе.