(Видео) Уникатни велигденски јајца вапсани со бои за колачи

Оваа година испробајте нешто малку поинакво, вапсајте ги велигденските јајца со бои за колачи. Домаќинките што ја испробале оваа техника се воодушевени од резултатите. Боите се силни, а секое јајце има поинакви и уникатни шари.

Ќе ви биде потребно:

  • Јајца
  • 400 мл оцет
  • 400 мл вода
  • бои за колачи во кесички
  • оцет и масло
  • сунѓер за миење садови, пар ракавици и старо тенџере

Подготовка:

За што подобар ефект, купете бели јајца или, пак, уште подобро е да ги избелите јајцата пред боењето. Како тоа може да го направите, видете овде:

Во еден помал сад ставете боја за колачи, приближно ¼ кесичка, додадете лажица врела вода, лажица оцет и лажица масло. А потоа сето тоа промешајте го.

Спуштете ги јајцата, малку да лебдат во бојата и извадете ги со држач за јајца или на крпа.

Целата постапка гледајте ја во видеото подолу:

Scroll to Top