Филип Лафонтен e светски музичар кој кој е познат и на светската музичка сцена, како наградуван музичар во Белгија, Франција и Канада. Ама ретко кој зне дека тој 5-ти мај во 1990-тата година во Загреб, ја претставуваше неговата држава Белгија со песната „Мојата Македонка“ (Macédomienne), посветена на неговата сопруга Виолета, која е од Велес, со која тие имаат неколку деца.
Уште поинтересен е фактот што само оваа негова песна е комерцијализирана, бидејќи како што стои во неговата биографија, песната е отпеана со љубов а љубовта нема цена. Тој подарил само 500 примероци од песната на радио и тв-куќите.
Лафонтен вчера го прослави својот 65-ти роденден, и воедно одбележува јубелејни 30 години од постоењето на „Мојата Македонка“ – песна која тогаш ги освои срцата на евровизиската публика.