(ВИДЕО) Во кралската кујна на големо се спрема за свадбата на Меган и Хари

 

Како што се приближува свадбата на Меган Маркл и принцот Хари, вработените во кујната на Виндзор замокот се зафатени со подготвки за свадбата, пишува Метју Киркам за Експрес.

Сликите од кралската кујна во замокот Виндзор откриваат со каква прецизност се внимава на деталите за време на свадбениот појадок што ќе се одржи по церемонијата на 19 мај.

На 600 гости на свадбата на Хари и Меган ќе им бидат послужени класични јадења направени од сезонски британски производи.

Слатките и солените канапеи се направени да можат да се конзумираат во две каснувања, додека јадењата во длабоките садови да можат да се јадат стоејќи.

Кралскиот готвач, Марк Фланаган, го води тимот кој во сабота ќе ги направи последните подготовки на храната што ќе биде послужена за време на попладневниот настан каде домаќин е кралицата во замокот St George’s Hall.

Во следниве неколку дена, куварите ќе почнат да го мијат и лупат зеленчукот и да ги подготвуваат другите производи за сабота, како што рече г-дин Фланаган, „со минимална количина на готвење и максимално време на презентирање”.

Хари и Меган ќе им се придружат на гостите по возењето низ улиците на Виндзор, за да ги поздрават луѓето собрани долж улиците во близина на капелата Свети Ѓорѓи каде што ќе се одржи свадбата.

Scroll to Top