Во Словачка е направен првиот меѓуградски лет со летечки автомобил. Автомобилот ErKar, опремен со БМВ мотор и обично гориво со бензиска пумпа, го направи првиот меѓуградски 35-минутен лет, од меѓународните аеродроми во Нитра и Братислава.
Моторот има 160 коњски сили со фиксен пропелер, а може да лета со максимална брзина од 190 километри на час.
За разлика од електричните вертикални авиони за полетување и слетување, кои се слични на големи дронови, ErKar е вистински автомобил, и тоа летечки. Тоа значи дека може да се користи за два вида превоз, да се вози низ пат и да се лета како авион.
Автомобилот е на компанијата „Клајн вижн“ и првпат е претставен во 2019 година. Него го измисли професорот Стефан Клајн. Тој својот прв лет го направи на крајот на 2020 година и од тогаш имаше 142 успешни слетувања и преку четириесет часови лет.