(Видео) Вратете ѝ ја белата боја на облеката со „аспирин“

На сите ни се случило белата облека да ја промени бојата по перењето. Едно перење во машината со погрешна облека може да направи белата облека да стане сива или модра. Не очајувајте, доколку ви се случи која било бела облека по перењето во машина да ја промени облеката, има едноставно решение.

Спасот се таблетите со ацетисална киселина, односно „аспиринот“! Постапката е доста едноставна: две таблети од 500 милиграми апсирин растворете ги во леген во кој претходно сте сипале 7-8 литри топла вода, па потопете ја облеката и оставете ја преку ноќ. Резултатите ќе бидат видливи веднаш.

Scroll to Top