Гледачите на популарната утринска програма на британското ITV, беа згрозени од водителот Еамон Холмс, кој во еден момент, со бизарен коментар тешко го навреди детето кое се бори со редок вид на рак.
Давсон Вилкок имал 15 месеци кога му беше дијагностициран хепатобласт, рак на црниот дроб, а неговите родители одлучија да гостуваат во емисија, откако открија дека им недостасува време за да соберат пари за лечење на својот 22 месечен син во Америка.
Холмс на семејството им посака среќа во собирањето на средства, но при крајот на разговорот, одлучи да емисијата ја одјави на бизарен начин.
„Среќно би било Давсон да ни се врати повторно кога ќе му порасне коса, а ти да ни бидеш поубав и подобар“, изјави Холмс и предизвика запрепастување кај останатите.
Неговата мајка Венди изгледа згрозено, а набрзо и нејзиниот Твитер беше преплавен со огорчни коментари.
„Како овој сеуште има работа“, „Зошто побогу изјави такво нешто“, „Каков безвреден човек“, беа само некои од „пристојните“ коментари кои завршија на Твитер, пишува Дејли Мејл.
Инаку малиот Давсон минува низ хемотерапија, но засега од тоа нема многу фајде. Токму поради тоа родителите покренаа кампања #adollarfordawson“, за да соберат 550.000 евра и да му овозможат лечење во Америка.
Погледнете го видеото: