(Видео) Вулканот Етна повторно еруптираше

Само десет дена од последната ерупција, вулканот Етна повторно еруптираше. За разлика од минатиот пат, кога пепелта и облакот дим стигнаа 8 километри во височина, сега ерупцијата беше значително посилна и стигна до 10 километри.

Активноста почнала околу 9 часот утрото по локално време, кога на кратерот Nev SE првпат беше забележана термална аномалија и брзо потоа и слаба стромболијанска активност, пренесе сајтот специјализиран за активности на вулкани vulcandiscovery.com.

Во исто време, вулканските потреси почнаа да се засилуваат, што е типично за вакви ерупции.

Вулканот Етна повторно еруптираше – Reporter.mk

Scroll to Top