Новинарот, водител и писател Вања Булиќ утринава доживеа шок во една телевизиска емисија во која гостуваше кога беше објавена веста дека во Косовска Митровица било пукано во Оливер Ивановиќ.
Имено, Булиќ за време на гостувањето во утринската програма објасни дека Оливер му е братучед од тетка му.
„Мојата мајка и неговата мајка се сестри. Мојата мајка е од страната на Ивановиќ, по теткина линија“, објасни Булиќ, кој на телевизиското гостување дојде за сосема поинаква тема, а на истото место го затече најстрашната вест.
Реагирал многу емотивно уште во моментот кога дознал дека е пукано во Оливер, но не знаел дека му нема спас.
Слично, во емисијата прикажана на јавниот сервис, реагира и министерот Расим Лаиќ, кој се расплака реагирајќи на веста за убиството на Оливер Ивановиќ.