(Видео) Замрзнаа водопадите на Нијагара

Замрзнаа делови од водопадите на Нијагара на границата меѓу САД и Канада кога температурите паднаа на -18 степени. Студениот бран, кој и понатаму е присутен во американската држава Њујорк и во другите делови на Северна Америка, доведоа до замрзнување на водопадите, кои се туристичка атракција.

Туристите што деновиве ги посетија водопадите објавија фотографии од големи парчиња мраз како пловат во водата, облаци од пареа и виножито.

Иако изгледа дека водопадите се целосно замрзнати, водата не престанува да тече. Големи парчиња мраз од водопадот последен пат беа забележани во 2015 година кога поларни циклони ја погодија областа.

Во последните две недели Њујорк и неколку други сојузни држави во САД беа погодени од екстремно студен бран.

Scroll to Top