(Видео) Жена бара пари од Џејмс Блант, тврди дека најголемиот хит го напишал за неа

Британскиот пејач и текстописец Џејмс Блант вели дека постара жена е убедена дека неговиот најголем хит You’re Beautiful е напишан за неа, па сега му бара пари и авторски права. 46-годишниот музичар ја објави својата најпозната песна во 2004 година. Според него, жената која живее во САД тврди дека тој ја напишал песната откако ја видел во метро во 1984 година.

„Ова тврдење е доста чудно бидејќи тогаш имав само 10 години, а првпат дојдов во САД во 2002 година. Таа сега бара авторски права од песната, па дури и ми испратила документ од 50 страници во кој ме обвинува дека ја демнам, но ситуацијата е обратна“, рекол пејачот во интервју за „Сан“.

„Беше прилично застрашувачки кога го прочитав документот. Морав да истакнам дека не бев во метрото во 1984 година, кога таа тврди дека ме видела. А, причината што можев да докажам дека таа не е жената во песната е тоа што во 1984 година имав десет години. Сето ова е малку чудно“, додал тој во интервјуто.

Scroll to Top