Викенд хороскоп: Вагата во заладени односи со партнерот, Девицата има проблеми во бракот

ОВЕН

Не брзајте премногу со завршувањето на важни работни задачи, најдобро е сѐ да се одвива полека. Иако мислевте дека немате веќе емоции кон поранешниот партнер, по средбата нешто се промени. Психички сте многу напнати.

БИК

Изгубивте надеж дека ќе успеете да ја промените работата и не сте задоволни со околностите во кои се наоѓате. Иако умеете да претерувате, партнерот се труди да ве задоволи. Проблеми со нервниот систем.

БЛИЗНАЦИ

Можно е да имате важни одлуки пред себе во наредниот период. Ве очекува поволна фаза за работа. Дистанцата помеѓу вас и саканата личност не ви се допаѓа воопшто. Сѐ повеќе се ближи крајот. Водете сметка за грбот.

РАК

Доколку планирате патување, ве очекува период во кој ќе имате добри можности за остварување на работата. Ви се допаѓа личност која честопати ја среќавате во секојдневното опкружување. Водете сметка за циркулацијата.

ЛАВ

Ве загрижуваат трошоците и финансиите. Можеби не сте сигурни како ќе ги решите сите проблеми на ова поле. Губите доверба во партнерот со кој веќе сте имале многу проблеми и драми. Можни се воспаленија и инфекции.

ДЕВИЦА

Имате впечаток дека на работа ништо не оди онака како што сте очекувале и незадоволни сте поради тоа. Во бракот влеговте во монотона фаза од која не е лесно да излезете. Имате проблеми со партнерот. Внимавајте на бубрезите.

ВАГА

Ве очекува период во кој ќе имате некои потешкотии за остварување на складен однос со саканата личност. Може да очекувате интересна средба со личност со која флертувате веќе некое време. Проблеми со притисокот.

ШКОРПИЈА

Пред вас е генерално добар ден, може да очекувате дека ќе бидете задоволни од околностите на ова поле. Ве очекува можност да влезете во нова врска во која ќе бидете среќни и задоволни. Чувствителни стапала и зглобови.

СТРЕЛЕЦ

Ќе успеете да ги остварите своите планови на деловно поле. Ќе бидете задоволни бидејќи сѐ ви оди од рака. Можеби не сте сигурни во кој правец сакате да се движи вашата врска која ви значи. Потребна ви е прошетка.

ЈАРЕЦ

Во текот на денешниот ден ве очекуваат помали компликации на деловно поле. Не сте подготвени да се соочите со проблемите . Ве очекува многу добар период на емотивно поле. Уживате во убавите моменти со партнерот. Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Доаѓате до значајно подобрување на комуникацијата и односот со личноста која ви се допаѓа. Доколку сте имале проблеми во контактот со партнерот, ќе успеете да ги решите во текот на денешниот ден. Можна е омалаксаност.

РИБИ

Немате доволно доверба во соработниците. Пред вас е период во кој ќе имате деловни компликации. Посветени сте му на својот партнер и убаво ви е кога сте заедно. Ве очекува поволен период за љубов. Водете сметка за циркулацијата.

Scroll to Top