Викенд хороскоп за 16 и 17 март

Овен 

Тешкотиите да воспоставите контакти со околината се последица на вашата пречувствителност. Некој ќе побара финансиска помош од вас, внимавајте на неговите ветувања, можеби не се толку реални како што ви изгледаат. Обидете се малку да се релаксирате.

Бик 

Морате самите да се изборите со проблемите што ви се натрупуваат. Бидејќи често се наоѓате во слични ситуации, обидете се да не ја префрлате вината на друг. Внимавајте на парите, не ги трошете залудно, ќе ви недостасуваат за до крајот на месецот.

Близнаци 

Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите. Некој разговор ќе ве поттикне дополнително да вложите напори за да ги остварите вашите цели. Во недела можно е пријателите да ве изненадат.

Рак 

Можеби стресот деновиве ви беше прв на листата, но викендов работите ќе се сменат. Очекувајте да ве обземе среќа и добро расположение. Во вечерните часови посетете некој близок пријател и испијте заедничко кафе.

Лав 

Овој викенд ќе сакате мир. Нема да чувствувате еуфорија поради новите случувања и ќе претпочитате да ја поминете саботната вечер дома. Ако не сте во врска поканете неколку најблиски пријатели и направете си приватна забава, без многу бучава.

Девица 

Нечија критика може да ви направи големи проблеми. Ако ви се случи тоа, немојте веднаш да реагирате. Набргу ќе ви се појават подобри влијанија кои ќе ви донесат разни компромиси. Можен е важен деловен договор во сабота. Во недела опуштете се со прошетка.

Вага 

Викендов можат да ви се случат неочекувано важни настани. Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити. Внимавајте на нозете.

Скорпија

Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно ако имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас за совет. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта.

Стрелец

Во период сте на промени и сега е време своите потреби да ги ставите на прво место. Често им помагате на другите што се пред вас, но постои граница која понекогаш треба да ја поставите. Поминувајте повеќе време со партнерот.

Јарец 

Ако се чувствувате сентиментално и ви недостасуваат старите времиња, потрудете се да ги вратите назад. Ви треба само малку волја, а викендот е идеален за оживување на спомените и организација на дружбите какви што беа некогаш.

Водолија

Свесни сте за проблемите и контактите со околината. Подгответе се за разочарување од некого на кого сте му верувале. Убавите моменти брзо поминаа, па морате да се соочите со сопствените слабости. Не ви е лесно, но затоа ги имате пријателите кои ќе ве поддржат и расположат.

Риби 

Мислите интензивно ви се свртени кон некого. Желбата за љубов и создавање семејство е зголемена. Кога ќе наумите нешто, тоа го исполнувате. Имате проблеми со трпеливоста. Сакате веднаш да знаете на што сте, но околностите не ви го дозволуваат тоа.

Scroll to Top