Овен
Ве очекува подобрување на односите со околината. Викендов ќе сфатите кои се вашите грешки и со тоа ќе станете и посвесни и посреќни. Можно е да бидете центарот на вниманието, а тоа ќе ви одговара.
Бик
Можно е викендов со помош на соработниците да успеете да завршите некој многу важен проект. Во приватниот живот нема потреба да ја одолговлекувате комуникацијата со личноста која не ви се допаѓа.
Близнаци
Можни се некои проблеми со документацијата, внимавајте каде и како си ги чувате документите. Вашите емоции кон партнерот ќе бидат на највисоко ниво, ќе сакате цело слободно време да го поминете со него.
Рак
Доколку сте планирале да ја промените работата, викендов ќе добиете одлична нова понуда. Тој ќе биде интересен за вас, ќе бидете опкружени со пријателите и семејството и ќе се чувствувате убаво.
Лав
Викендов ќе правите многу добри проценки, па пријателите ќе побараат совет од вас. Сметајте на добра комуникација со саканото лице кое максимално ви е посветено. Не претерувајте со храната.
Девица
Многу поволен викенд во кој ќе откриете многу поволни информации. Можеби малку ќе ве измачува грижата да не го загубите партнерот, но без грижа до такво нешто нема да дојде.
Вага
Викендов насмевката ќе биде постојано на вашето лице, до вас постојано ќе пристигнуваат убави вести. Ќе се наполните со позитивна енергија и елан за работните обврски во наредната недела.
Шкорпија
Ако сте во врска, разговорите ќе ви се движат кон носење на врската на следно ниво. Не влегувајте во ризични финансиски предизвици ниту пак не потпишувајте договори за партнерство, бидејќи би можеле да доживеете сериозна загуба.
Стрелец
Активноста и енергичноста во решавањето на проблемите ќе ви биде на високо ниво. Односите со околината ќе ви се подобрат, но сепак бидете внимателни во барањата, бидејќи сите врати не ви се отворени. Односите со партнерот ви се стабилни и во нив ќе вложувате голем дел од енергијата.
Јарец
Имагинативната сила ви е многу јака, па добро би било да се занимавате со некаков вид на уметност. На тој начин ќе ги предупредите грешките на материјално ниво. Благодарејќи и на смислата за организирање на работите, создавате поволни услови за нов бизнис, но во исто време невниманието може многу скапо да ве чини.
Водолија
Бидете похрабри и настапете решително. Мислете позитивно. Викендов ќе ги сакате луѓето, но приоритет ќе ви биде грижата за себе. Престојот на Венера во вашата 6-та куќа ќе ве поттикне да трошите повеќе време и средства на вашиот изглед.
Риби
Посветете внимание на саканите и на некое ваше омилено хоби. Со еден збор уживајте максимално. Моментите пред вас се идеални за се што вие се стремите да напреавите, но под услов да не претерувате. Вашиот партнер ве подржува во многу работи.