Викенд-хороскоп за 20 и 21 октомври

Овен 

Викендов е совршен за патување. Дополнителен поттик нека ви бидат топлото време и релаксирањето пред уште една напорна работна недела. Поведете некој пријател со вас и забавата е загарантирана. Со вашата атрактивност ќе успеете да шармирате многу луѓе.

Бик

Не очајувајте доколку ви се случи мала караница со партнерот. Со добар и мирен разговор може сѐ да се реши. За оние што не се во врска, в сабота навечер бидете подготвени за еден повик од некоја личност што ви се допаѓа.

Близнаци

Дефинитивно, ова се деновите што ќе сакате да ги преспиете. Многуте напнати ситуации само дополнително ќе ви го уништат викендот, а ни вашиот партнер нема да се потруди да ве расположи. Легнувајте си порано, понеделник е нов ден.

Рак

Поради вашето макотрпно работење, време е да се почестите со шопинг. Внимателно разгледајте ги продавниците, можеби ќе најдете одлична облека што добро ќе ви прилега. В недела навечер излезете и релаксирајте се пред напорната работна недела.

Лав

Вложете ги вашите пари во нешто навистина корисно. Потрудете се да се храните малку поздраво, тоа ќе придонесе да се чувствувате поенергично. В сабота партнерот ќе ви приреди изненадување, заблагодарете му се со еден ден целосна посвета на него.

Девица

Во деновите што ви претстојат можно е да се најдете во неколку ситуации што нема да се одвиваат онака како што вие сакате. Но, не очајувајте, излезете со пријателите и доверете им се. Со добар разговор може да се реши сѐ. Не сте во врска? Овој викенд ќе ви биде полн погодок!

Вага

Овој викенд потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Присуствувајте на сите забавни настани и збогатете си го вашиот социјален живот. Некој од луѓето што ќе ги запознаете овој викенд понатаму ќе стане многу важна личност во вашиот живот.

Скорпија

Почнете да се однесувате добро кон вашите пријатели и кон сите во вашето опкружување бидејќи многу лесно сите може да ви го свртат грбот. Научете некогаш и да ги премолчите вашите злонамерни коментари. Сабота е поволен ден за средба со пријателите.

Стрелец

Вашата одговорност и креативност ќе ве однесе ниво погоре на професионално поле. Но, време е да се остави работата настрана и да се ужива во викендот. Излезете со пријателите и поминете една луда вечер со нив. Па и малку алкохол не е лоша идеја.

Јарец

Ситуацијата во вашиот љубовен живот сѐ повеќе ќе се подобрува, така што ќе немате причина за грижа. Што се однесува до пријателството, овој викенд обрнете повеќе внимание на проблемите и потребите на вашите пријатели. В сабота ве очекува пријатно изненадување од личност што ви се допаѓа.

Водолија

Не секогаш љубезноста може да ви ги отвоти вратите. Кажете го вашето мислење, покажете ги чувствата и бидете она што навистина сте бидејќи само така овој викенд ќе ви помине во знакот на добрите случувања. За подобро расположение, негативните коментари сфаќајте ги како комлименти.

Риби

Ве очекува викенд полн со изненадувања  на љубовен план. Доколку сте сингл, имате можност да запознаете некоја нова интересна личност. Доколку сте во врска, веројатно вашиот однос ќе достигне некое повисоко ниво. Што се однесува на пријателските односи, водете сметка колку вашите пријатели се искрени кон вас.

Scroll to Top