Викенд-хороскоп за 24 и 25 март

Овен

Наредниот период ќе функционирате под влијание на значајни промени. Тие ќе бидат добри или лоши во зависност од заслугите. Не сте работно насочени. Свртени сте кон поубави нешта оти вака работата е во застој. Слабата меморија не би требало да ве загрижува.

Бик

Викендот ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, излезете порано од дома и обидете се да го минете денот како што сакате. Ако не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано за подоцна да можете да се забавувате.

Близнаци

Ако сте заљубени, ве чека прекрасен викенд. Партнерот по секоја цена ќе се обиде да ве заведе и притоа нема да бира ниту начин ниту средства. Слободните ќе размислуваат за својата иднина, но препорачливо е да не брзаат со своите одлуки.

Рак

Полни сте со сила и оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Бидејќи се чувствувате и повеќе од фантастично, потрудете се оваа состојба да потрае подолго. Не оптоварувајте се со глупости и не планирајте однапред ништо.

Лав

Засилената енергија е комбинирана со пречувствителни реакции, па лесно ќе бидете во ситуација да заплачете. Се советува да не губите глава и да не паничите, туку разумно да ги согледате своите позиции. Опасноста од повреди исто така постои, но со разумно и сталожено однесување успешно ќе ги елиминирате.

Девица

Некои пари што сте ги очекувале би требало да пристигнат. Спротивниот пол ќе покажува зголемено интересирање за вас. Искоритете ја добрата соработка со некоја друга Девица и профитирајте. Ве очекува некакво непријатно изнендување, бидете подготвени на сè.

Вага

Ќе бидете многу трпеливи, истрајни. Свесни сте дека до целта можете да дојдете само полека, но сигурно. Сè што сте замислиле бара од вас штедење. Тоа нема да ви биде тешко со оглед на тоа дека ги сакате парите.

Скорпија

Одредете приоритети и придржувајте се строго кон нив. Љубовниот партнер ќе покаже иницијатива во важните прашања, а вие не бидете тврдоглави и прифатете помош. Оставете ја малку работата настрана, погрижете се за приватниот живот, кој ви стагнира.

Стрелец

Вашето однесување ќе влијае врз расположението на најблиските. Некои од вас ќе ја обноват, а други ќе ја раскинат моментната врска. Можно е да има и некоја промена во вашиот поглед кон бракот и пријателството. Би можеле да посакате нешто забрането. Љубовниот партнер ќе ве поттикне на акција. Во секој случај, ве очекува среќа.

Јарец

Овие денови ќе бидете во ситуација да повлекувате правилни потези и да донесувате успешни заклучоци. Занимавајте се со работа поврзана за договори, учење и нешто што има врска со јавноста. Успехот е очигледен. Ви претстои можност за одлична соработка со некој Рак.

Водолија

Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината во некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување, ќе ви биде полесно.

Риби

Одредени работи никако да тргнат, а вашата кариера има еден неизвесен тек. И понатаму ви стои некој проект, работа или задача во која секојдневно можете и морате да се докажете. Потрудете се за тоа иако е викенд.

Scroll to Top