Овен
Викендов ќе бидете прилично нервозни. Напнатоста во вас ќе предизвика конфликти и проблеми, а неодлучноста ќе биде вашиот најголем проблем. Ќе се обидувате на секаков начин да го направите вистинскиот чекор. Но, прво смирете се, а потоа концентрирајте се на извршување на обврските. Некоја водолија ќе ви понуди помош, прифатете ја и заблагодарете ѝ се.
Бик
Oва е викенд кога треба да им бидете благодарни и да ги цените луѓето околу вас, а не да ги критикувате. Организирајте нешто убаво за оние кои ги сакате и кои често ве поткрепуваат, а некогаш ве критикуваат со цел да го избегнете правењето грешки. Пријателите се разочарани од вашата негативност, обидете се да го промените тоа.
Близнаци
Дејствувате како молња за да го остварите максимумот. Некоја ситуација бара поголемо штедење од ваша страна. Ќе бидете задоволни, но само ако се свртите кон решавање на работите за кои сте одговорни. Ви годи осаменоста и уживате. Имате можност да осварите некоја нова соработка, внимателно со инвестирањата во непознати нешта.
Рак
Немате премногу време за размислување. Со вагите и близнаците постигнувате прилично добра соработка. Ненадејните случувања ве вадат од колосек, и покрај тоа што ви ги изгледаат интересни. Еден бик се труди да ви излезе во пресрет. Внимавајте на финансиите, трошите премногу.
Лав
Ќе се најдете во друштво на непознати луѓе, но одлично ќе се вклопите. Вашата страст ќе ви помогне да го освоите вниманието, иако нема многу да се трудите да го постигнете тоа. Не се обидувајте да контролирате сè што се случува околу вас. Овие два дена препуштете ѝ се на забавата. Внимавајте некоја скорпија која постојано ви нуди совети, нема добри намери.
Девица
Доволно сте разумни за да ги одбраните своите ставови. Не преземајте ризици за да немате финансиски проблеми. Бидете искрени кон саканите. Понекогаш треба да го смените начинот на перцепција за да се заштитите. Добро ќе ви дојде психофизичка релаксација. Некој бик ви нуди помош за совладување на препреките, прифатете ја.
Вага
Понекогаш треба да делувате брзо и одлучно без премногу тактизирање. Со саканата личност уживајте во работите кои ви се заеднички. Потпрете се на интуицијата. Посветете внимание на различните информации кои ги добивате за да можете коректно да ги завршите работните задачи. Внимавајте на однесувањето со роднините.
Скорпија
Викендов ќе бидете многу неодлучни. Предолгото размислување нема да ви помогне. Бидете поодлучни и дејствувајте веднаш. Нема да ви биде лесно да си одделите енергија за проблемите на другите луѓе, но ќе бидете принудени да го направите тоа. Сочувствувајте со ваш колега или пријател и дајте му пријателски совет. Не мора да глумите преголема загриженост, едноставно бидете отворени за разговор.
Стрелец
Постојано ќе среќавате личности кои ќе ви испраќаат збунувачки сигнали. Но, вие најдобро е да стоите блиску до стабилни личности кои избегнуваат игри и за кои знаете дека немаат скриени намери. Не останувајте зачудени ако луѓето се однесуваат необично. Тие ќе направат се за да се истакнат и да застанат во центарот на вниманието.
Јарец
Немате време за губење, ве чекаат важни одлуки и успеси. Се повлекувате во сопствениот свет, го прикривате незадоволството, внимавајте да не бидете повредени. Уживајте во тоа што ви се нудат, не се оптоварувајте со хипотетички прашања. Обрнете внимание на околината, пријателите ви сугериираат нешто што за вас е доста корисно.
Водолија
Секогаш сте се потпирале на други луѓе за да се чувствувате посигурни, било да се работи за ваш пријател, роднина или друга блиска личност. Време е да си го покачите нивото на самоувереност и да станете посамостојни. Шетајте со гордо крената глава. Способни сте да постигнете многу повеќе отколку што си мислите.
Риби
Неколку обврски нема да ви дозволат релаксирано да го започнете викендот, но затоа пак ќе надоместите со опуштена вечер во која вашите желби ќе бидат на прво место. Нема да знаете во што или кому да верувате. Ќе мора да ги отфрлите туѓите желби и да се концентрирате на остварување на вашите.