Вимблдон е празен и тивок за првпат од 1945 година

Тенискиот клуб Ол Ингленд во Лондон вообичаено беше преполн со луѓе и се создаваа неподносливи редици и метеж, но сега е тивок и празен.

Завчера требаше да биде првиот ден на Вимблдон, најпрестижниот тениски турнир на светот, но поради пандемијата на коронавирусот, уште на 1 април беше донесена одлука за негово прво откажување од 1945 година. Поточно, ова е првпат да не се одржува во мирни услови од неговите почетоци во 1877 година.

На тој начин, Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп ќе ги задржат шампионските титули до наредното лето.

Следниот гренд-слем турнир е Ју-ес опен, кој треба да почне на 31 август, но ќе се игра пред празни трибини во Њујорк.

 

Scroll to Top