Музички инструмент виола де гамба, слична на виолончело, вредна 200.000 долари, која датира од 17 век е уништена за време на летот од Рио де Жанеиро, до Тел Авив.
Фотографијата на својот Фејсбук профил ја ставила Мирна Херцог, членка од групата за класична музика од Израел „Феникс“. Нејзиниот пост предизвикал лавина коментари од целиот свет, едни биле гневни и збеснале, а други ја прекориле, затоа што сметаат дека самата е виновна.
„Авио-компанијата „Алиталиа“, мрази музичари. Вака ми ја испорачаа „Levis виолата“, по убедувањето дека кутијата ќе биде пренесена рачно во авионот и од него. Тоа е вандалски чин затоа што се чини дека е прегазена со кола“, напиша Мирна.
Нејзиниот пост бил споделен повеќе од 60.000 пати и собрал повеќе од 1000 коментари.
Многу од нив сметаат дека Херцог погрешила, затоа што требало да резервира уште едно место за инструментот.
Проблемот настанал кога од компанијата ја убедувале дека инструментот ќе биде внесен рачно, па занемела кога го видела инструментот целосно уништен.
Музичарката потоа напишала отворено писмо, кое го упатила на компанијата, во која нагласила веднаш дека бара дополнително место кое не го добила, затоа што авионот бил преполн. Тогаш ја убедувале дека нејзиниот инструмент ќе биде безбеден.
Од друга страна, компанијата има сосема друга верзија на приказната. И понудиле седиште за инструментот, но таа одбила, па одлучила да инструментот го сместат кај багажот, иако е предупредена дека можел да биде оштетен.
Истрагата е во тек, а сите се прашуваат дали е возможно да се поправи виолата која потекнува од 17 век?
Сопственичката тврди дека може.