Внукот на Доналд Трамп позира со пушка

Доналд Трамп Помладиот (40), најстариот син на претседателот на Америка, Доналд Трамп, се најде на жесток удар на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со својот син Доналд Трамп Третиот како позира со пушка во раката.

Фотографијата од деветгодишното момче со смртоносно оружје е објавена на „Инстаграм“ и доби преку 32 000 лајкови. Претседателот е познат како заколнат поборник на правото за носење оружје, кое САД го гарантираат со устав.

Доналд Трамп Помладиот открил дека со синот бил во лов на патки во Тексас.

„Дони ми помогна во лов на патки минатата сезона. Тој дефинитивно е најдобриот другар за лов кој постои. Изнесете ги децата во природа колку е можно почесто, нема да зажалите“, порача најстариот син на претседателот на Америка.

По објавата следеле пораки со осуда од загрижени родители и борци за права на животните.

„Оружјето е опасно за малите деца. Одвратни сте ми. Ве молам кажете ми дека сте ловеле поради храна, а не дека ги убивате животните од забава“, се само некои од пораките кои следеле.

Ова не е првпат Доналд Трамп Помладиот да предизвика гнев кај јавноста поради ловот, Тој и неговиот помлад брат Ерик во 2012 година биле забележани на сафари во Африка. Таму убиле десетина ретки животни, меѓу кои и слонови, леопарди, биволи, крокодили, газели.

Претседателот на САД од три брака има пет деца и девет внуци. Неговиот најстар син, Доналд Трамп Помладиот, има пет деца, средниот син Ерик има едно, додека ќерката Иванка има три деца. Помладата ќерка на Трамп и најмладиот син Барон не се во брак.

 

 

Scroll to Top