На клиниката во Фрајштат, во покраината Горна Австрија, на пациент му била ампутирана погрешната нога. Веднаш била отворена истрага, а докторката која ја извршила операцијата била суспендирана. На 82-годишниот пациент требало да му биде ампутирана левата нога.
Но, по грешка, пред операцијата му била маркирана погрешната нога, изјавил директорот на клиниката Норберт Фрич.
Дури еден ден по операцијата, кога требало да се заменат завоите, била откриена грешката. Во тек е истрага за целиот случај, а задолжената лекарка е суспендирана по сопствена желба.
„Мораме да откриеме како дошло да се случи ваква грешка. Сакам јавно да се извинам“, изјавил Фрич.
И самиот пациент, кој имал бројни други болести, не бил свесен дека му била ампутирана погрешната нога. Тој за време на маркирањето на ногата не бил во состојба да укаже на грешката.