Главниот град на Финска, Хелскинки, нема питачи ни бездомници. Финските власти години повеќе од 30 години успешно се справуваат со проблемот со бездомниците. Во 1987 година преку 18.000 луѓе живееле на улица, но според последните податоци во 2017 година околу 6.000 луѓе пријавиле дека немаат дом, но дека живеат кај пријатели или роднини или се сместени во привремени живеалишта. Бројот на луѓе што спијат на улица е многу мал.
„Кога бев мала, се сеќавам дека имаше стотици, ако не и илјадници луѓе кои спиеја по паркови и шуми. Тоа беше видливо, но веќе го немаме тоа. Улично бездомништво не постои во Хелсинки“, рекла заменичката градоначалник Сана Весиканса.
Финците во 2007 година ја започнале кампањата „Дом на прво место“ за на бездомниците да им се обезбеди стабилен и постојан дом што е можно побрзо. Тие добиле и друг вид на помош и поддршка, во борбата со зависности, а добиле можност и за образование или работа. Според програмата „Дом на прво место“, домот мора да се понуди безусловно, дури и на оние кои сѐ уште користат дрога или се зависници од алкохол. Државата ја плаќа киријата за овие лица, а постои можност во државниот стан да останат цел живот. Во вакви станбени објекти станарите заеднички готват и се социјализираат, а социјални работници постојано им се достапни.
„Ваков проект може да успее само ако властите се целосно посветени. Тоа мора да биде национална политика“, рекол еден од основачите на проектот „Дом на прво место“, Јуха Кекинен.