Во иднина нема да постојат сиромашни земји, предвидува Бил Гејтс

Светскиот милијардер Бил Гејтс изнел низа  предвидувања за тоа што го очекува човештвото во иднина. Основачот на „Мајкрософт“ вели дека во иднина нема да постојат сиромашни земји и дека немаштијата целосно ќе биде искоренета од светот. Бројот на еднакво богати полека ќе почне да се зголемува.

Вакво слично тврдење Гејтс изнесе пред речиси 30 години за време на една своја посета во Мексико. Тој во 1987 година им вети на тамошните жители дека за неколку децении ова место ќе биде целосно преобразено. Многумина се согласуваат дека Мексико повеќе не е истиот од пред три децении. Оваа земја е многу побагата од тоа што беше.

Бил Гејтс исто така смета дека во наредните 20 години роботите се тие коишто ќе заменат бројни работници во фабриките и милиони луѓе ќе останат без работа. Исто така ја изнел идејата дека сиромаштијата ќе може да се избегне со оданочување на роботите. На тој начин ќе се надоместигубитокот на заработка од данокот на доход.

Сепак, прогнозите на Бил Гејтс не се така розови за иднината. Милијардерот смета дека на светот му се заканува многу поголема опасност од светскиот тероризам каков што сега го познаваме. Тој вели дека во иднина човештвото најмногу треба да се плаши од биотерористите.

Тој во едно од своите обраќа во Германија истакна дека во следните 15 години, веројатно е да загинат 33 милиони луѓе поради вавквиот вид тероризам. Гејтс оваа црна прогноза ја темели врз база на најголемата закана по здравјето на човекот, а тоа е воздухот и големиот број зарази кои биотерористите би можеле да ги рашират.

Досега Гејтс многу работи кои ги предвидел пред неколку децении се имаат остварено. Тој предвиде дека луѓето ќе почнат да бараат работи преку интернет. Го предвиде развојот на технологијата, околината и здравството. Во својата книга изнел низа детали како светот би изгледал денеска и не погрешил.

Гејтс пред 20 години предвиде дека во иднината луѓето ќе користат мали апарати преку кои ќе ги извршуваат речиси сите активности во текот на денот, како читање вести или прегледи на патувањата. Паметните телефони се доказ дека Гејтс бил во право, а многумина телефоните ги користат за комуникација и работа.

Гејтс пред создавањето на „Фејсбук“ предвиде дека во иднина ќе се креираат приватни страници преку кои ќе можеме да комуницираме со семејството и пријателите кои живеат и работат илјаници километри од нас. Милијардерот зборуваше за онлајн разговори меѓу луѓето, во врска со безбедноста, локалната политика, урбанизмот. Денеска работите се отидени и подалеку. Речиси нема подрачје за кое не може да се води расправа преку интернет. Речиси секоја платформа овозможува шанса за дискусија и разговори.

 

 

Scroll to Top