Во Кина казнети и отпуштени 30 функционери за кои се утврдило дека не реагирале соодветно на ширењето на коронавирусот

Над 30 функционери се казнети во Кина, а некои од нив заработиле и отказ, откако било утврдено дека не реагирале соодветно на најновиот пораст на бројот на заразени со коронавирус во земјата. Меѓу санкционираните има и градоначалници, началници на градски окрузи и членови на здравствени комисии, раководители на болници, раководители на аеродроми и туристички сектор.

Само во последните 24 часа биле забележани 94 случаи на заболени со опасниот вирус, велат од кинеската национална здравствена комисија.

Најновата епидемија поврзана е со аеродромот во источниот град Нанкинг, каде што помеѓу вработените се прошири делта-сојот од вирусот.

Scroll to Top