Во Кина ќе се гради национален парк за панди

By

Во кинеската провинција Сечуан ќе се гради парк за панди. Националниот парк ќе чини околу 1,58 милијарди долари и ќе биде трипати поголем од американскиот Јелоутоун, пишува „Чајна дејли“.

Во паркот ќе бидат заштитени диви панди од провинцијата Сечуан, Шанкси и Гансу. Финансирањето ќе помогне да се намали сиромаштијата на жителите што живеат во паркот и да ја подобрат инфраструктурата.

Минатиот месец кинеското Министерство за животна средина ги одобри плановите за 15 провинции и региони да ги задржат и заштитат големите површини на нејзината територија, вклучително шуми, мочуришта, национални паркови и заштитени природни области од неограничен економски развој.

Ќе ви се допадне