Од 27 март до 1 април, во Скопје ќе се одржи националното првенство во фрлање авиончиња од хартија. Победниците ќе се пласираат на Светското финале во Австрија.
„Нема керозин, мотор и комплицирани навигациски системи, cè што е потребно е обичен А4 лист хартија, вешти раце и направеното авионче да одлета што подалеку“, најавуваат организаторите.
Првенството ќе содржи три категории, дистанца, времетраење на лет и аеробатика. Тоа ќе биде најкреативниот настап. Првите две категории ќе бидат во живо, а третата е целосно онлајн, на Инстаграм.
Квалификациите ќе се одржат на на 27 март во спортскиот центар „Форца“, а најдобрите 12-мина од двете категории ќе настапат на финалето на 1 април во „Ист гејт мол“.
Шампионите во секоја категорија ќе имаат шанса да ја претставуваат Македонија на светското финале на Red Bull Paper Wings во „Хангар 7“ во Салцбург во мај.