Во Милано привремено забранети електричните тротинети

Градските власти во италијанскиот град Милано одлучија да ја забранат работата на компаниите кои ги изнајмуваат електричните тротинети, се додека со јасни прописи не се утврдат правилата на користење на ова превозно средство, пренесуваат италијанските медиуми.

Италијанските власти на крајот на јули дозволи користење на електрични тротинети во пешачките зони, каде може да се вози до максимална брзина до 6 километри на час. Во спротивно следеле парични казни од 26 евра.

Со одредбата од 4. јуни, е предвидено овие тротинети да можат да се користат, но само во пешачките зони, на пешачки премини и велосипедски патеки, како и во подрачјата каде брзината е ограничена до 30 километри на час.

Исто така се бара од локалните власти, на видливи места да се објават правилата на движење. Првата компанија за изнајмување електрични тротинети се појави токму во Милано во ноември 2018 година. Од пролетта годинава, уште шест нови компании тргнаа по нејзините стапки, што е тренд и во други бројни европски градови.

Обвинителството во Милано во моментов ги анализира компаниите кои ги изнајмуваат овие тротинети, за да утврди дали работат истите според пропишаните закони.

 

 

 

Scroll to Top