Во Охрид затвориле жена во казан за варење храна

Жена била затворена во казан за варење храна во Студентскиот дом во Охрид, а полицијата не сакала да го пријави настанот по наредба на тогашниот прв човек во СВР Охрид, Стефан Буџакоски, чиј пријател бил насилникот. Ова е еден од случаите што стојат забележани во дебелото досие на полицаецот од Охрид, Стевче Стевоски, пишува „Макфакс“.

Инцидентот се случил во август 2007 година. Оштетената и нејзиниот сопруг биле избркани од полициската станица кога дошле да пријават. Случајот ќе бил прикриен доколку полицаецот Стевоски не поднел пријава. Стевоски бил даден на дисциплинска, а подоцна бил и казнет оти, како што вели, го привел насилникот и со тоа не ја почитувал наредбата од претпоставениот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

 

Scroll to Top